Во Висока медицинска школа – Битола успешно се реализираше симулациона вежба за евакуација и итна интервенција при појава на пожар.
Симулациона вежба се беше изведена во соработка со Црвен Крст Битола, Ургентна медицина – Болница „Др. Трифун Пановски“, ТППЕ Битола, Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување и СВР Битола.
Вежбата започна со активирање на аларм за пожар, а постоа следуваше се изврши евакуација на студентите и персоналот, се симулираа реални повреди и се реализираа интервенции од службите за прва помош и пожарникари.
-Целта беше јасна – зголемување на подготвеноста и безбедноста на студентите и наставниот кадар при итни ситуации. Благодарност до сите служби за професионалноста и до студентите и вработените за учеството!, порачаа од Висока медицинска школа – Битола.
Симулацијата заврши со заедничка фотографија и извештаи од вклучените институции.

Симулациона вежба за евакуација и итна интервенција при појава на пожар во Висока медицинска школа – Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Се одржа општинскиот натпревар во стрелаштво (фото)
- Пелистер со реми против Кожув во Гевгелија
- Самостојна изложба на Дијана Колонџоска од Битола – “Сонувани хоризонти“ (фотогалерија)
- Граѓани платиле за паркинг кога беше бесплатно, “Паркинзи“ парите ќе ги насочи за хуманитарни цели
- СВР Битола: 53 годишник од Мусинци возел трактор со 2.92 промили алкохол и без возачка, битолаченец “ауди“ со 1.60 промили алкохол во крвта





