Press "Enter" to skip to content

Никола со филмско сценарио и со три музики на “Магнолија“ во Битола ја запроси Алвона, а таа кажа ДА (видео + фотогалерија)

-Никола со филмско сценарио со три музики, ружи, транспарент со израз на љубов и гости на плоштадот “Магнолија во Битола ја запроси својата сакана.

-И покрај тоа што дознавме дека младата Алвона сакала интимно запросување, нејзиниот сакан ја запроси денес многу помпезно пред голем број, сите урбани личности, другари, блиски, роднини, пријатели, познаници и дури оние коие беа минувачи на Широк Сокак.

-Алвона изненадена, но со голем радост го кажа судбоносното ДА.Дождливиот мајски ден го разубави спектакуларното запросување на Никола кој сепак сакаше овој ден да биде запаметен за неговата сакана. Но, тој ги испочитува и сите нивни блиски личности кои после кажаното ДА започнаа да слават и честитаат со музика. А музиката беше повикана во состав дел од “Brass Brothers“, Калабалак“ …

Сите кои присуствуваа, а беа подготвени однапред, придонесоа да се направи еден „џумбус“ како што викаат по битолски на “Магнолија“, односно онаму каде се сите млади се сретнале, вљубиле и потоа и ја овековечиле својата љубов со брак.Така и се случи со оваа љубовна приказна која запросувањето се случи онаму каде започнува Широк Сокак. Започна со транспарент кој се појави “од никаде“, продолжи со фрлање на ружи од балкон на “Магнолија“ и пред Алвона.

Никола клекна пред Алвона, таа кажа ДА, го даде вереничкиот прстен, а сето тоа се круниса со валцер на “Магнолија“, а потоа се продолжи со  “Ако одам во Битола…“ сето проследено со честитки, аплаузи и со солзи радосници…

Секако Никола и сега неговата Алвона се урбани ликови, а Никола кој со години е градска фаца, ги познава и го познаваат сите, што би кажале битолчани, а ова урбано запросување е токму за нив.

-Никола е урбан лик, сите го познаваме, сите го сакаме, нема никој лош збор за него. Случајно се најдовме тука, но и ние бевме од многуте кои дознавме за убавиот настан на “Магнолија“ ни рече Александар Темело.  

Никола ова можеше да го направи секаде, во Париз, Виена, Београд, но се одлучи за Битола и не погреши. Тој и Алвона ја сакаат Битола, а и сите кои беа на “Магнолија“.Двајцата биле многупати по разни прилики со фотографии на нашиот портал на разни фотогалерии, на забави, на ракомет, на концерт, на отворања…, но сега испишаа историја на Битола, ова е прво запросување на “Магнолија“ во битолски – кабадајски стил, а заслужено им посветуваме текст и фотогалерија специјално за нив, со честитки за среќен брак и многу деца кои како нив и илјадници битолчани ја сакаат и ќе ја сакаат Битола.

Жанета Ристевска

Фото: Дамијана Ристевка

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »