-Како и деновиве во Битола така и пред 10 години, во ноември 2015 година, со положување венци и букети цвеќе пред споменикот на француските гробишта во Битола беше одбележана годишнината од крајот на Првата светска војна и денот на помирувањето меѓу Франција и Германија, заполна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Одбележувањето беше со присуство на тогашните мбасадорите на Франција и Германија, Лорен Оер и Кристина Алтхаузер, тогачниот градоначалникот на Битола, Владимир Талески и голем број делегации.
-Дваесеттиот век беше век на прекумерно насилство. За тоа сведочат годините 1914 и
1939. Многу нешта се случија во овие сто години, како добри, така и ужасни. Едно од големите достигнувања кои го трасираа патот е големиот мировен проект што го оствари Европа, создавањето на Европската унија. Овие денови, земајќи ги предвид сликите на милиони луѓе кои бегаат од војна и насилство, се занимаваме со загрижувачкото прашање, дали Европа ќе го издржи овој предизвик. Бранот на луѓе во неволја минува и низ оваа земја кон северот. Во потрага по безбедност и можеби подобар живот- истакна на чествувањето, амбасадорката на Германија во Република Македонија, Кристина Алтхаузер.
-Ова не се лесни времиња за Европа. Но ако паметно постапиме, големите задачи што заедно ќе ги совладаме, ќе не сплотат повеќе. Разорувањата од минатиот век и за огромните актуелни предизвици потребни се респект, солидарност, соработка и помирување, за заеднички да ја направиме Европа подобар континент за сите нас, рече Алтхаузер.
-Тоа им го должиме на луѓето од сите националности кои се тука закопани – порача амбасадорката на Германија во Република Македонија Кристина Алтхаузер.

Деновиве пред 10 години: одбележан денот на помирувањето меѓу Франција и Германија (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: “Љубојна“ одбележа 15 години со спекатакуларен концерт со Влатко Стефановски и Џамбо Агушев (фото)
- Во населбата “Ушици“ во Битола, одбележан празникот Преображение Христово (фотогалерија)
- Турнир во бељот “Ушици 2026“ во Битола (фотогалерија)
- Од стара куќа до нова приказна, кнуга бар “Пионерски“ една година
- “Силно светнал ден“ во Битола, платото пред Офицерски претесно за битолчани и нивните гости (мега фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Одлични резултати на пливачите на Југ на “Император куп“ во Битола (фото)
- ЈКП “Водовод“ Битола: утре прекин во водоснадувањето поради дефект кај “Фринко“
- ЈКП “Водоводо“ Битола: започна реконструкцијата на водоводната мрежа на ул. “Маркс и Енгелс“
- Нова услуга на Црвен крст Битола “Наменски транспорт“
- Балканскиот куп во риболов “Битола 2026“ по 30 пат на “Стрежево“ (фото)










