Press "Enter" to skip to content

Обука за личен бредн организирана од Советот за женско пристапништво (фотогалерија)

Жените денес, покажуваат значителен напредок во нивниот личен развој, негуваат индивидуални вредности, вложуваат во едукација и нови вештини. Тоа го наметнува прашањето што значи да се биде успешна жена?Успешна е жената која е свесна за сопствените капацитети и делува согласно нив, поставува реални цели поврзани со професијата, креативна е покажува лидерски вештини. Вложувањето во себе, во иднина  ќе им овозможи поголема конкурентност на пазарот на труд но, и исполнет општествен живот.Затоа, Советот на женско претприемништво на општина Битола, со поддршка на Здружението за социјални иновации “ВР Лаб Битола“ и Општина Битола реализира обука за личен бренд. Интересен е фактот што претприемништвото е усвоено како стратегиски пристап да се олесни економското учество кај жените. Вклучувањето во претприемништвото овозможува да се зголеми самодовербата, да се постигне економска независност и оттргнување од работ на сиромаштијата.Ентузијазмот за вклучување во претприемнички активности од страна на жените се охрабрува и развива на континуирана основа. Советот за женско претприемништво на општина Битола дава препораки за подобрување на тековната ситуација со женското претприемништво, како и вклучување на сите засегнати страни во развој на женското претприемништвото во Битола.Жените претприемачи треба да го искористат тоа за да ја подобрат својата позиција во средината во која делуваат. Жените претприемачи претставуваат фактор на секој успех, а степенот на социјализација, изразен преку: нивото на љубезност, посветеноста и прифаќањето, се тајната на нивниот успех.Интелектуалниот потенцијал треба максимално да се искористи, на тој начин што ќе се воспостави натпреварувачки дух и со промовирање на пристапот дека паметните луѓе не треба да попуштаат, туку тие треба да се борат.Но, битно е да се напоменe дека успешен може да биде само мотивиран човек кој умее да практикува тимска работа. Таа може да направи чуда. Но притоа треба да се има во предвид дека квалитетната комуникација клуч на успехот во работењето. Лидерството е став. Тоа е различен начин на живеење на животот.Проектот „Унапредување на деловните вештини на жените претприемачи од Битола“ има за цел да ги поттикне жените претприемачи да ги идентификуваат и развиваат своите знаења, вештини и компетенции кои поттикнуваат подобар живот, подобри работни места, генерирање на просперитет, промоција на социјална инклузија. Вештините се пат кон вработливост и просперитет, катализатор во создавањето на работни места и раст.

More from ВестиMore posts in Вести »