Press "Enter" to skip to content

Општина Новаци ќе дава субвенции од 10.000 денари за полагање возачка дозвола од “Б“ категорија

Општина Новаци објавува Јавен повик за користење на финансиски средства за субвенционирање на трошоците за  обука, полагање и добивање на возачка дозвола од Б категорија , наменет за млади лица до 26 години, жители на Општина Новаци!

Јавниот повик, критериумите и потребните документи се достапни на веб страната на Општина Новаци или на следниот линк:

https://opstinanovaci.gov.mk/notices/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d1%81%d1%83%d0%b1%d0%b2%d0%b5%d0%bd%d1%86%d0%b8%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-%d0%b2%d0%be%d0%b7%d0%b0%d1%87%d0%ba%d0%b8-%d0%b4%d0%be%d0%b7%d0%b2/

Со оваа мерка, Општина Новаци ги поддржува младите да станат поконкурентни на пазарот на труд, да ги зголемат своите можности за вработување и мобилност, како и да придонесеме кон создавање на поактивна и самостојна младина.

Ваквите субвенции се особено важни за младите луѓе од руралните средини, каде возачката дозвола претставува значаен чекор кон лична и професионална независност.

Аплицирајте навреме и искористете ја можноста.

Повикот е отворен до истек на предвидените средства – принципот „прв дојден, прв услужен“ се применува.