Press "Enter" to skip to content

“Трчај бе“ и атлетска федерација на Македонија донираа спортски реквизити пред “Мини трчај бе“

Втора година по ред, Здружението организатор на трката „Трчај бе“ од Битола заедно со Атлетската федерација на Македонија, во пресрет на трката „Мини трчај бе“ која ќе се одржи на 1 јуни, донираат спортски реквизити за основните училишта во Битола.Денешната донација е во вредност од 100.000 денари и се состои во пречки и конуси.Организаторот на трката, Никола Димитровски, во име на здружението и атлетската федерација изрази благодарност до сите наставници по физичко образование, нагласувајќи дека нивната соработка е особено важна за организација на еден ваков настан и побара во иднина дополнително да бидат детектирани сите потреби на училиштата од реквизити поврзани со атлетиката, со цел истите да бидат обезбедени со следните донации.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »