Еурофарм Пелистер – Бутел 35:26 (15:12)
Вечерва во спортската сала “Младост“ во Битола ракометарите на Еурофарм Пелистер го одиграа последниот натпревар во оваа сезона пред својата публика и ја забележаа седма плеј-оф победа во Суперлигата.“Пелистрерци“ го победија Бутел со резултат 35:26, полувреме 15:12, а тоа беше седма победа во плеј-офот.
До крајот останува Купот идниот викенд во Охрид и двете дерби натпреаври против екипите на Алкалоид и Вардар.
Отворањето на натпреварот и првото полувреме помина во лесна игра на Еурфарм Пелистер, а израмнет колкку толку резултатски дел. “Бутел“ на почетокот имаше предност од 0:3, а потоа следуваа во серија голови на капитенот Кузмановски. Бутел се држеше некако до 11:11, а на полувреме се замина со 15:12.
На стартот на вториот дел Еурофарм Пелистер поведе со 17:12, а потоа предноста почна да расте и достигна високи седум разлика 21:14. Бутел дојде на три разлика 23:20. До крајот “пелистерци“ направија убедлива предност за висока победа.
Филип Кузмановски со 10 гола беше најефикасен на натпреварот.
Фото: Дамијана Ристевска