Еурофарм Пелистер 2 – Драчево 46:25 (23:10)
Екипата на Еурофарм Пелистер 2 вечерва во Битола убедливо го победи Драчево, остана на првата позиција од Првата лига и со тоа ја оствари целта и обезбеди враќање во Суперлигата, а тоа беше експресно само по една година откако лани го изгубија суперлигашкиот статус.Прогласувањето на Шампинот во Првата лига се случува на три кола до крај на првенството, а екипата на “двојката“ го забележа 15 триумф по ред, а во плеј-офот има недостижна предност во однос на вториот тим од Автокоманда.
Двојката на Еурофарм Пелистер предводена од тренерот Александар Зарков заедно со неговите помошници суперирно ја победија екипата на Драчево со резултат 46:25, на полувреме на средбата резултатот беше 23:10.
На натпреварот во Битола најефикасен кај Еурофарм Пелистер 2 беше Петар Белистојаноски со осум гола, Маркоски и Митревски постигнаа седум постигнати гола.
Генералниот секретар на РФМ, Влатко Тасевски, им ги додели медалите и пехарот на битолчани за првото место во прволигашката конкуренција, а пехарот го подигна капитенот Стефан Дрогришки, кој потоа се најде “во воздух“ на рацете на своите соиграчи.Со враќањето на Еурофарм Пелистер 2 во елитното друштво, Битола како град пак има два суперлигаши. Пехарот на тимот му го додели Генералниот секретар на РФМ, Влатко Тасевски
Фото: Дамијана Ристевска