Обновениот објект на поранешниот Пионерски дом синоќа блесна на мистичните светла во прекрасната мајска вечер и го направи уште посвечено отворањето но новиот пионерски под име “Pionerski Book Bar & Apartments“ .
-Новиот “Pionerski Book Bar & Apartments“ Битола ќе ја продолжи традицијата на место со културно значење, каде покрај забава има простории кои ќе служат како конференциски сали и училници каде ќе се одржуваат семинари, обуки, научни конференции и собири. Со што на некој современ начин ќе се продолжи културно – образовната традиција која ја имаше ова место порано, како пионерски дом „Трајче Маглоски“.
-Со прекрасно уредениот катче за книги ќе се одржуваат промоции на книги и ќе се развива културата за читање.
-Терасата нуди голем број можности за забава и дружење на млади. Со еден збор “Pionerski Book Bar & Apartments“ е место каде секој ќе се најде свој начин на културно и урбано живеење но и уживање.Синоќа на свечен начин со голем број гости пријатели, роднини, деловни партнери беше отворен“Pionerski Book Bar & Apartments“. Неколку месечното реновирање по најсовремени стандарди, направи објектот да блесне со цела своја убавина и автентичност.
Онаа автентичност која ја имаат историските објекти кои будат сеќавања и емоции, запишани во колективната свест кај голем дел од луѓето кои живееле во Битола. Поранешниот Пионерски дом или препознатлив по малото пионерче кое е дел од историјата на социјализмот е објект со големо историско значење.
Пионерски дом “Трајче Магловски“ бил културно – образовен центар кој бил формиран во повоените години. Култно место за повозрасните битолчнани, место кое е впишано во колективната меморија на битолчани, или генерации кои по разни основи биле дел од случувањата во изминатиот и овој век. Новиот “Pionerski Book Bar & Apartments“ ќе ја продолжи традицијата на место со културно значење, каде покрај забава има простории кои ќе служат како конференциски сали и училници каде ќе се одржуваат семинари, обуки, научни конференции и собири. Со што на некој современ начин ќе се продолжи културно – образовната традиција.
Потоа тука е и прекрасно уредениот “book bar“, каде има голем број книги кои ќе се читаат и оној кој сака ќе си купи книга. Место создадено за промоции на книги, литературни читања, но и уметнички изложби.
При тоа тука ќе може да се избере од слатки десерти и торти и да се ужива во кафе, сок со книга или муабет со пријатели.Гостите кои дојдоа на свеченото отварање имаа прилика да ги видат 12 апартмани уредени по најмодерни светски стандарди.
Сопственикот Никола Велјановски околу реновирањето и отварањето изјави:-Неколку месеци траеше обновувањето на објектот, тука ги поминав сите денови, со само два три часа спиење. Реновирањето беше „сантим по сантим“ што би се рекло, „од корен“. Имаше многу да се обнови по современи стандарди. Но сега сите сме горди на ова што го постигнавме. Со мене цело време беа голем број луѓе кои се во тимот на новиот “Pionerski Book Bar & Apartments“ кој ќе ја продолжи традицијата на место со културно значење за Битола. Тука ќе кажам посебно нагласам мојот менаџер. Бидејќи за да функционира се како што треба потребни се и лојални луѓе.
Овој објект со големо историско минато и значење кој испиша историја и спомени кај многу луѓе, повторно ќе биде едно културно место каде ќе се впишуваат нови спомени. Покрај апартманите, барот со книги, во долниот дел се училници и конференциски сали каде ќе се одржуваат семинари, стручни собири…
Исто така тука ќе може да се прават промоции на книги, литературни читања, уметнички изложби што значи наша намера е повторно да го има културното значење кое и го имаше порано. Терасата ќе биде за дружење и органзирање на концерти на кои ќе настапуваат познати естрадни уметници.
Синоќа на свеченото отварање настапува нашиот Ламбе Алабаковски кој со своите хитови и глас ќе ја напарави оваа вечер уште поубава. Веќе утре се најавени естрадните уметници пд групата „Љубојна“ кои ќе ги забавуваат гостите вечерва.
Жанета Ристевска