Press "Enter" to skip to content

Денес нова премиера во НТБ Битола “Чорбаџи Теодос“ во режија на Дамјан Димовски (фото)

-Овој текст на сцената на овој театар се поставува по четврт пат,  по еднаш во 1946, во 1962, 1979 година и сега, култен текст за македонската драматургија, а на режисерот Дамјан Димовски негова дипломска претстава.Во Народниот театар Битола се одржа прес конференција посветена на најновата премиера ,,Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски, во режија на Дамјан Димовски, која ќе биде изведена вечер.

На почетокот на прес-конференцијата која се одржа на сцената каде ќе биде изведена премиерата, директорот Васко Мавровски рече:-Среќен сум што еден млад човек се зафати да работи театар со љубов. По четврт пат ова дело се поставува на сцената на Битолски театар, а првата поставка беше во 1946 година. Покрај наследениот милионски долг, се работи интензивно во театарот и се стигна до четврта премиера оваа година. 

Оваа претстава е дипломска работа на режисерот, Дамјан Димовск кој рече:-Голема работа е да се даде можност како што мене Битолски театар ми ја даде, да ја работам својата дипломска претстава овде. Екипата ми даде доверба за идејата да поставиме еден култен текст за македонската драматургија, да му дадеме еден нов и свеж изглед на целиот концепт. За мене од големо значење е што националните куќи даваат можност на младите уметници да се изразуваат на нивните сцени. Работите кои се случуваат во самиот текст на Иљоски од тоа време, некако ни се случуваат повторно во поинаква амбалажа. Луѓето некако ја имаат изгубено емпатијата и разбирањето и сите сакаме да стигнеме до целта прегазувајќи го другиот, а не во соработка со него. За овој начин на живот кој ние денес го живееме потребно е да постои таа емпатија помеѓу нас.

Драматургот на претставата Билјана Крајчевска додаде:-Ние во театарот земаме различни приказни, поставуваме и одговараме прашања, достигнуваме до некакви концепти за решавање на современите проблеми, но хуморот е една од важните алатки кои ни даваат некакви одговори на тие негативни прашања и затоа оваа комедија беше една од важните претстави кои ги поставуваме оваа година, стигнавме до осовременување на овој процес. Комедијата соодетствува со нашата актуелност. Во процесот тргнавме кон едно истражување, но не експериментиравме. Стигнавме до една предлошка која ќе комуницира со оваа сценска матрица, а користевме материјали кои се од Иљоски, од на децата,  светот, општеството.Сценографијата Шекспир, имавме мали документарни интервенции, се со цел претставата на крајот да не донесе до оние моменти на осознавање во животот, да се даде шанса е на Валентин Светозарев, костимографијата на Благој Мицевски, кој рече:-Сакавме да имаме претстави од секој вид, за секого, од детски до претстави за средношколци, класични и сл. Најважно во оваа претстава е што имаме млад режисер од Битола, кој ни го привлече вниманието со неговата претстава правена по Отело, која ја видовме на неделата на независен театар во Драмски во Скопје, а потоа беше и во МНТ, публиката во Битола ќе може да ја види во рамките на Шекспир фестивалот. Мене ме повлече во процесот на работа како костимограф е тоа што Дамјан во идејата покажа респект кон македонската традиција, драма и овој Битолски театар. Ме инспирираше таа негова визија, колку голем притисок правиме кон децата во нивните одлуки.

Во претставата играат Живко Борисовски, Марија Стефановска, Александар Димитровски, Никола Стефанов, Сандра Грибовска Илиевска, Елена Моше, Никола Пројчевски, Александар Копања, Петар Спировски, Марија Цветановска.-Лакомото око и грабливата рака за жал продолжуваат и по 100 години, пред се сум среќен за соработката со Дамјан со екипата. Многу е добро тоа што се враќаме на наши македонски текстови, за да се врати и најмладата публика, рече актерот Живко Борисовски кој на игра главната улога во претставата.Не смее меѓусебното осудување и отфрлање на различниот меѓу нас да биде водилка во животит на луѓето, вели режисерот Димовски кој за оваа претстава работеше директно со драматургот Билјана Крајчевска, сценографот Валентин Светозарев, костимографот Благој Мицевски, и Александар Димовски како човек кој стои зад изборот на музика.

 Премиерата на  “Чорбаџи Теодос“ е денес на 26 мај со почеток од 20 часот.

More from КултураMore posts in Култура »