Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пожар во кругот на “Водовод“, приведен битолчанец за напад на полициски службеници

На 25.05.2025 во 20.30 часот во СВР Битола е пријавено дека на паркинг простор во кругот на Јавното комунално претпријатие „Водовод” во Битола настанал пожар од кој се зафатени две работни машини и едно патничко возило „фиат добло” со битолски регистарски ознаки, сите сопственост на претпријатието. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

На 25.05.2025 во 02.35 часот пред ноќен клуб лоциран на ул. „Новачки пат” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода 30 годишник од Битола затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.  По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.  

More from ВестиMore posts in Вести »