-Ден на младоста 25 мај, патрониот праник на Горната гимназија од Битола прославен во духот на младоста до дворот на Гимназијата и со настап на ученичките бендови, млади солисти како и рецитатори.Со свечената приредба која се одржа во дворот на Гимназијата заврши празнувањето на патрониот празник на Горната Гимназија од Битола, на која се појавија дваесетина гимназијалци, членови на гимназиските бендови, рецитатори…
На свечената приредба присустуваа градоначалниците на Битола и Новаци, Тони Коњановски и Стевче Стевановски, ректорот на Универзитетот “Св. Климент Охридски“, проректорите на УКЛО проф. д-р Јасмина Буневска Талевска и проф. д-р Горан Илиќ, почесниот конзул на Република Франција, г-ѓа Калиопа Кривашија Стилиновиќ, ,професори, матуранти, гимназијалци, пензионирани вработени од Гимназијата, родители, гости, други битолчани…
Директорката Лидија Споа ги поздрави присутните со зборовите:
–Пред три месеци, во февруари годинава, заедно со Вас го одбележавме значајниот јубилеј – 80 години настава на современ македонски јазик во Гимназијата “Јосип Броз-Тито’’ во Битола. Денес сме повторно заедно да го прославиме нашиот Патрон празникн, денот во кој ја славиме младоста. Некој ќе рече дека младоста одамна му поминала, но јас велам дека ние, како професори, постојано опкружени со енергијата, креативноста, оригиналноста, посветеноста, бунтовноста, истрајноста на нашите ученици, ја имаме привилегијата да бидеме вечно млади.
-Ќе се согласите со мене дека зборот гимназија, кога се работи за битолската Горна Гимназија е повеќе од обичен збор. Тоа е симбол на знаење и традиција, тоа е аманет од генерациите минати, кои го осветлиле и трасирале патот на знаењето. Во него одекнуваат гласовите на минатото, тука се соочуваме со предизвиците на сегашноста и ги правиме реални надежите за иднината. Ние не ја забораваме мисијата на Гимназијата, да образува и воспитува млади луѓе, да ги проширува хоризонтите на знаењето, да ги инспирира младите во нивната потрага по совршенство и да стои како темел на образованието, културата и заедништвото.
-Гордоста на нашата Гимназија не лежи само во богатата образовна понуда. Наша гордост се учениците, професорите,стручните соработници и сите вработени, нивниот труд, амбиција и посветеност. Учениците се нашата најголема инспирација, тие не движат напред. Нивниот успех е наш успех и нема поголема гордост и исполнетост кога ги испраќаме од клупите, знаејќи дека сме ги подготвиле да зачекорат исправени во светот, вооружени со знаење, со препознатливи позитивни морални вредности, со бескрајна љубопитност да истражуваат и со јасно поставени цели – да градат поубав и подобар свет.
На присутните им се обрати и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој со гордост нагласи дека и сам е ученик на Горната Гимназија, а низ клупите на истата поминале голем број ученици кои потоа го продолжиле својот од во разни насоки на иднината, познати граѓани кои со својата интелектуална, стопанска и општествена деjност ја задолжиле Битола и пошироко, академици во МАНУ.
За патрониот празник средношкоците подготвија инспиративни изложби, ги подготвија, испечатија и емитуваа гимназиските медиуми, младинското радио, училишниот весник, документарните филмови на нашите ученици, перформансите кои никого не оставија рамнодушни, а тука беа и младионскиот актив и децата правобранители.
Сето ова е гаранцијата дека иднината на Гимназијата ,,Јосип Броз-Тито’’ во Битола и понатаму ќе биде светла и секој ученик, секој професор, стручен соработник е дел од успешна приказна на Горната Гимназија.
-Нека ни е честит Патрониот празник на Гимназијата, Денот на младоста. Да продолжиме да бидеме чувар на љубовта кон јазикот, кон книжевноста и образованието. Симбол на стремежот за напредок, реле дитекторката Лидија Споа.
Потоа започна музичката програма на талентираните музичари од бендовите на гимназијата и рециталите.
Програмата започна со “Мори чупи костурчанки“ и сплетот “Егеј“, а “Сон“ во чест на Блаже Конески ја драматизираа Марија Јовев и Зулфо Сулејмани. “Во коси да ти спијам“ од Тоше Проески ја отпеа Ивана Новачевска, “Message in the bottle“ ја испеаја Михаела, Теодора и Миа, а “Stay alive“ ја испеаја Теодора Блажевска и Михаела Најдоска…
На крај беа доделени пофалници на учениците и менторите професори кои во текот на учебната година постигнаа значајни резултати на натпревари, конкурси, проекти. На некој начин заслужни за промоција на гимназијата.
Благодарници за соработка им беа доделени на институции со кои гимназијата “Јосип Броз Тито“ Битола има успешна соработка.
Текст и фото: Дамијана Ристевска