Јавното претпријатие “Стрежево” – Битола склучи Договор со Владата, односно со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за користење на рибите и другите водни организми за риболовно подрачје “Стрежево” за период од 12 години.
-За разлика од претходно, се зголемува времетраењето од шест на дванаесет години и се однесува не само на рекреативната зона “Акумулација Стрежево”, туку и на целото сливно подрачје од грчка граница до заштитната зона на самата акумулација. Според Новата риболовна основа има промени во однос на порибителниот материјал, како и количините и видовите со кои ќе се порибува. Со оглед на тоа дека сега е на дванаесет години се овозможува стабилно планирање на активности, долгорочно инвестициско одржување и поадекватна реализација на преземените права и обврски по Договорот, рече директотката на ЈП “Стрежево“, Вера Бешлиовска, која додаде и дека концесијата е особено значајна заради:
-Правилно управување, користење и заштита на водите и рибниот фонд, заштита на биoлошката разновидност (биодиверзитетот), поттикнување и развој на рекреативниот и спортски риболо и -заштитата на животната средина.
ЈП “Стрежево“ упати апел до сите заинтересирани граѓани за рекреативен риболов од понеделник да си извадат дозволи за риболов во Управната зграда на “Стрежево”, а новост е што како нов член на Македонската риболовна федерација може преку нас да извадат државни дозволи и легитимации за риболов.

ЈП “Стрежево“ Битола со нов договор со Владата за користење на рибите и другите водни организми за риболовно подрачје “Стрежево”
More from ВестиMore posts in Вести »
- Претставата “Госпоѓица Јулија“ на редовен репертоар на КИЦ Битола и со гостување во Драч
- Дворот на ОУ “Гоце Делчев“ во Битола не е повеќе паркинг, сега таму се модерни спортски терени
- Во Битола сончево, температурата до 25 степени
- Дизелот поевтини, падна под 100 денари, ама бензинот ја проби “стотката“
- СВР Битола: приведување за дрога, за нарушување на ред и мир, за возење без возачка, жена пријавила физички напад од партнер





