Денес, четврток, 29 мај, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометоролошки работи времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне можност за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 21 степен.
Утре, петок, 30 мај во Битола времето ќе биде променливо облачно и посвежо со слаб локален дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 20 степени.