Press "Enter" to skip to content

Осветен крстот кај манастирот “Св. Спас“ над Маловиште (фото)

Денес на празникот “Свети Спас“, кој секоја година се слави на 40-тиот ден по најголемиот христијански празник – Воскресението Христово-Велигден, кај манастирот “Св. Спас“ над село Маловиште, над Битола беше осветен ново поставениот висок метален крст.Крстот е поставен на иницијатива на младите кои потекнуваат од село Маловишта, кои и имаат и голем придонес во поставувањето и денешното осветување на крстот, каде присуствуваа повеќе од стотина верници. Крстот има и осветлување во црвена боја, а ќе биде надополнување на камбанаријата која е поставен многу години порано.-Идеата и реализацијата е од нас седум другари, а имавме голема помош од мајсторот кој го изработи и монтира крстор, Љупчо Трајковски и електричар кој ни ја поврза целата инсталација да се осветли крстот. Исто многу ни помогнаа неколку наши пријатели. Инаку, големината на крстот е 7 метри висина и 4 метри ширина, ни рече Горан Батаља.  Крстот е поставен пред скромната камена градба на манастирот „Свети Спас“ на надморска височина од 1.950 метри е надополнета со мал планински заклон, кој претставува  своевиден конак.Конакот, за намерниците и планинарите се наоѓа во секое време од годината, па така, и при сончев ден и при силна зимска вејавица тој може да заштити и конечно да биде заклон за преживување. Тој планински заклон-конак го одржуваат планинари ентузијасти.Се заедно, Маловиште со “Свети Спас“ се едно единство кое неразделно живее и опстојува. Маловиште и “Свети Спас“ се две страни на една медаља, Маловиште е долу, а “Свети Спас“ е горе, така било, така и останува, за век!

Фото: Љупчо Ѓоревски