Охрид – Пелистер 23:27 (12:11)
Во полуфиналето од Купот на Македонија вечерва во Охрид, екипата на Еурофарм Пелистер го совлада домаќинот и закажа финале со Вардар, победувајќи го ГРК Охрид со резултат 27:23, полувреме 12:11.
Неизвесноста во салата „Билјанини Извори“ траеше до самиот финиш кога во последните 10 минути “пелистерци“ одиграа создада победничка разлика.
Отворањето на натпреварот помина три минути без гол. Првата реализација ја имаше Хосни во четвртата минута од контра. Потоа беше 2:2, а охриѓани првпат поведоа со 2:3. Охрид во 16. минута поведе со 4:5. Во 25. минута од средбата беше 9:9 и поворно водство на 10:9, а на одмор за амина замине на пауза со гол предност 12:11.
За стартот на вториот дел Митревски пак врза неколку одбрани, но и Чаневски одговори со два одбранети зицери. На 14:14 “пелистерци“ не искористија напад за водство, а првото за Пелистер беше 15:16. “Пелистерци“ влегоа во ритам и за првпа имаа +3 (15:18).
Потоа охриѓани имаа серија за враќање до егал 20:20. Еурофамр Пелистер погоди два пати по ред за 20:22. Се одллепи Пелистер на три разлика, Борзаш погоди за 20:24 за победа, до крајот на средбата “пелистерци“ дојдоа сигурно и до финале, со резултат 23:27.
Најефикасен ракометар кај Еурофарм Пелистер беше Филип Кузмановски со седум гола, голманот Никола Митревски имаше 14 интервенции.








