Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: протест пред Општина Битола и барање за оставка на тогашниот градоначник Талески (фото)

-Последните денови во мај 2015 година членовите на Здружението за чист воздух во Битола,
“За нас се работи“, одржаа протест по најавите дека ќе организираат масовни и континуирани протести и побараа неотповиклива оставка на тогашниот градоначалник на Битола, Владимир Талески и организирање на нови предвремени локални избори.Претходно Општина Битола објави иницијативи за елиминирање на сите загадувачи на воздухот во Битола, за воведувањето регистер на загадувачите, јавно објавување на сите кои ги трујат битолчани, објавување на релевантните податоци за степенот на загаденоста на воздухот во Битола, набавка на мерни станици и редовно сервисирање на постојните, загадувањата кои ги прави РЕК “Битола“…Челниците на Здружението на протестот рекоа дека во иднина нивното делување наместо “еколошко“ ќе биде чисто политичко.-Ние нема што да криеме, во иднина ќе делуваме политички. Наш заклучок е дека без политика проблемот со загадувањето на Битола не може да се реши. Но тоа не значи дека ќе делуваме партиски, беа конкретни и додадоа дека кај нас работите се решаваат само преку политиката. Затоа ние во иднина ќе делуваме политички.Беше речено и дека по оставката на тогашниот градоначалник Талески и распишувањето на предвремените, или локалните избори, тие ќе излезат со сопствена советничка листа со нивни кандидати и ќе побараат од битолчани да им ја дадат довербата, за потоа да го исчистат воздухот во Битола.По протестот беа поставени на шатори пред општинската зграда.Пред зградата на Општина Битола имаше голем број на полиција.По протестите градоначалникот на Битола, Владимир Талески не поднесе оставка.

More from ВестиMore posts in Вести »