Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола во присуство на пратениците, членови на Комитетот и градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски се одржа работен состанок.
На состанокот е потврдена кандидатурата на актуелниот градоначалник од страна на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ.
-Битола ќе биде регионален лидер – економски, културен и инфраструктурен. ВМРО-ДПМНЕ и Тони Коњановски – за Битола што расте и напредува! Продолжуваме со работа, посветени на подобрување на животот на секој битолчанец, соопштија од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола.






