Поетски настан, посветен на поетот, раскажувачот, новинарот, општественикот Панде Манојлов се одржа во Галеријата „Ранко Струмениковски“ во Битола по инцијатива на д-р Лили Бошевска со поддршка од „Пелагонски културно – научни средби“- Новаци, кои ја имаат воведено наградата „Панде Манојлов“ и „Македонското научно друштво“ – Битола.
Пред присутните се обрати претседателката на МНД – Даниела Андоновска – Трајковска и заменик претсетаделот на Пелагонските средби – Никола В. Ристевски.
Во негова чест, неговите колеги поети, прозисти од Битола: Добре Тодоровски, Милица Радевска, Весна Мундуишевска – Велјановска, Лили Бошевска, Гордана Такец, Биљана Т. Димко, Никола В. Ристевски, Маја Митровска читаа негова поезија.
Неговите колеги од Охрид: Мирко Томовски, Даниела Илијовска, Митко Кољушевски, Митре Манговски Радождански читаа нивна поезија посветена на поетот Манојлов.
На настанот беше присутна сопругата на поетот, Виолета Манојлова и неговиот внук.
Настанот го збогатија и уметниците од соседна Грција, заедничко со поетот им е творештвото за Палестина, чија химна ја напиша токму Панде Манојлов.
Панде Манојлов (1948- 2020) ќе остане запаметен како поетот на Битола. Неговиот лик и дело се достапни преку неговата книжевна оставнина која е обемна и по број и по важност, затоа што како Превер што претставува поетот на Париз сепак е голем француски поет, така и Манојлов на своите поетски корави плеќи ја носи Македонија – за која често знаеше да каже дека е „многу повеќе од она што ни се кажува“.
Со посебено нагласување ја пишуваше родољубивата поезија и со иста таква љубов пишуваше поезија деца, за со книгата раскази „Последната корида на душата“ да остави во спомен дел од колективната меморија на обичниот човек, оној човек кој после неговото заминување од овој свет – нема никој повеќе да се сети – затоа што бил обичен.
Ликот и делото на Манојлов не смее да биде заборавено од книжевната јавност, но ни од соодветните институции.

„Ехото на поезијата“, поетски настан во сеќавање на поетот на Битола – Панде Манојлов (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Деновиве пред 10 години: ФК Пелистер ја обнови својата клубска слава Митровден
- СВР Битола: битолчанец со “мерцедец“ возел со 3,23 промили алкохол во крвта, возел без возачка и без регистрација и направил сообраќајка на “Илинденска“
- Денеска е Свети великомаченик Димитриј – Митровден (“Дојде ли Митровден, чекај си Ѓурѓовден“)
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 14 степени
- Златевски: играме добро на домашен терен, така ќе биде и вечерва
More from КултураMore posts in Култура »
- Самостојна изложба на Дијана Колонџоска од Битола – “Сонувани хоризонти“ (фотогалерија)
- „Виена во Битола“ по 13-ти пат – Оркестар DIVA го најавува новогодишниот концерт на 23 декември
- Една сцена, безвременски хитови: „Now We Are Free“, „Barcelona“ и „The Ecstasy of Gold“ во Скопје
- Од светските сцени до полноќните приказни на Битола
- Промовирана книгата “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола (фотогалерија)










