Press "Enter" to skip to content

Заврши 7. “Пијанофест“ Битола, годинашен леуреат – Владимир Србиновски (фото)

Со доделување на наградите и прогласување на Лауреатот, заврши годинешното 7.издание на Интернационалниот пијано натпревар, Пијанофест.За Лауреат на натпреварот беше прогласен Владимир Србиновски од Македонија, кој освен парична награда, ќе ја добие и наградата – Концерт за отворање на следното издание на Пијанофест 2026. Србиновски исто така ја понесе и наградата “Јасминка Чакар“ за која му беше доделена парична награда во износ од 300 евра и плакета.Освен овие награди, беа доделени и три ваучери за учество на следното издание на Виена Гала Фест – концерт кој ќе се одржи во Виена следната 2026 година. Трите ваучери беа доделени на Вук Џокич (Србија), Еце Сарач (Турција) и Мариела Низамова (Бугарија).

Оваа година натпреварувачите се поделени во три категории: Пијано соло, Пијано четирирачно и Теоретски отсек облигати, а комисијата на натпреварот беше составена од еминентни пијанисти и педагози од Македонија и странство и тоа: Тереза Тревизан, Паола Кондакчи, Душан Сутон, Ана Гацева и Гоара Нона Лазиќ.-Овие неколку дена беа исполнети со исклучителни настапи, инспиративна уметност и вистинска посветеност кон пијаното. Сведочевме на талент, труд и страст – вредности кои го движат овој фестивал напред од неговото основање. Им се заблагодаруваме на сите натпреварувачи што ја споделија својата музика со нас, на родителите за нивната вложеност и на членовите на жирито за нивната професионалност и фер оценување, на професорите за нивната поддршка, како и на публиката која со отворено срце ги поддржа нашите уметници, истакнаа организаторките.Офицерскиот дом – КИЦ Битола, беше храм на класичната музика и пречека 110 млади музички надежи од 10 земји учеснички и тоа : Македонија, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Бугарија, Бугарија/Русија, Турција, Кина и Тајланд.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »