Во НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа свечен литературен настан насловен „Магичен ден со бајките на браќата Грим“, организиран со цел да се поттикне љубовта кон книжевноста, особено кон класиците на детската литература.
Настанот се реализира во соработка со учениците и наставниците од ООУ „Даме Груев“- Битола, а свеченото отворање беше збогатено со изведба на песната „Во светот на бајките“, што ја исполнија ученици од прво и четврто одделение.
Учениците од германската секција при ООУ „Даме Груев“- Битола преку кратка презентација, литературно читање и театарска изведба го претставија животот и творештвото на браќата Јакоб и Вилхелм Грим. Двојазичната изведба остави силен впечаток и значително ја збогати интеркултурната димензија на настанот.
-Настанот „Магичен ден со бајките на браќата Грим“ беше успешен и инспиративен. Учениците покажаа високо ниво на ангажираност, креативност и тимска работа, а настанот остави позитивен и траен впечаток врз сите присутни. Ваквите активности претставуваат мост меѓу образованието, книжевноста и уметноста – збогатувајќи ја наставата на забавен, едукативен и културолошки значаен начин, рече директорката на Универзитетската библиотека, м-р Емилија Стефановска Давкова. 

“Магичен ден со бајките на браќата Грим“ во Универзитетската библиотека во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Се одржа општинскиот натпревар во стрелаштво (фото)
- Пелистер со реми против Кожув во Гевгелија
- Самостојна изложба на Дијана Колонџоска од Битола – “Сонувани хоризонти“ (фотогалерија)
- Граѓани платиле за паркинг кога беше бесплатно, “Паркинзи“ парите ќе ги насочи за хуманитарни цели
- СВР Битола: 53 годишник од Мусинци возел трактор со 2.92 промили алкохол и без возачка, битолаченец “ауди“ со 1.60 промили алкохол во крвта
More from КултураMore posts in Култура »
- Самостојна изложба на Дијана Колонџоска од Битола – “Сонувани хоризонти“ (фотогалерија)
- „Виена во Битола“ по 13-ти пат – Оркестар DIVA го најавува новогодишниот концерт на 23 декември
- Една сцена, безвременски хитови: „Now We Are Free“, „Barcelona“ и „The Ecstasy of Gold“ во Скопје
- Од светските сцени до полноќните приказни на Битола
- Промовирана книгата “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола (фотогалерија)









