Муслиманските верници во Битола и во целиот свет денес го прославуваат големиот исламски празник Курбан Бајрам, како што уште се нарекува празник на жртвата, затоа што тогаш се принесува жртва – курбан, а се карактеризира со тоа што побогатите им помагаат на сиромасите.
Во Битола главната бајрамска молитва се одржа во Исхак Челеби џамијата, предводена од муфтијата Амит еф. Расими, кој на сите верници во Битола им го честита праникот.
Инаку, Курбан Бајрам (познат и како Голем Бајрам или Бајрам на жртвувањето) е еден од двата најголеми празници во исламот, заедно со Рамазан Бајрам. Тој има длабоко верско, духовно и општествено значење за муслиманите ширум светот.
На Бајрам се крунисува аџилакот на аџиите кои отишле да се поклонат на Светата Ќаба во Мека.
На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – намаз, со која верниците бараат милост од Алах.Во Битола таа се одржа во сите џамиии.
Потоа голем број на верници ги посетија и старите Турски гробишта кај населбата “Ушици“ и новите муслимански гробишта.Агим Џело

Верниците од муслиманска веросиповед во Битола го прославуваат големиот исламски празник Курбан Бајрам (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Трибина на ПОДЕМ Битола: родово-базирано и семејно насилство, препознавање, превенција, насилството не е семејна тајна (фотогалерија)
- На УКЛО Битола одржана панел-дискусија – “Успешни жени во општеството“ (фотогалерија)
- Ќе биде дерби во Битола – влезниците распродадени за неколку минути, прва битка за титула
- Трагедија во Битола: 19 годишник пронајден мртов
- 32 годишен битолчанец по е-маил измамен за 340.000 денари за крипто валути





