Press "Enter" to skip to content

Завршниот турнир од младинската женска кошаркарска М14 лига утре започнува во Битола

Кошаркарскиот клуб Петровски од Битола ќе биде организатор на завршниот турнир од младинската М14 лигата во женска конкуренција, а полуфиналните и финалните натпреаври ќе се играат во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

Полуфиналните натпревари Петровски – Патриот 2016 и  Тим Арена од Штип и Вардар од Скопје, ќе се играат на 7 јуни.

Наредниот ден на распоред се натпреварите за третото место, односно големото финале по кое ќе биде познат шампионот во оваа категорија од младинските лиги.

More from СпортMore posts in Спорт »