Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: жена со остар предмет го нападнала партнерот, физички напад врз пет годишно дете, физичка пресметка во угостителски објект

На 07.06.2025 во 01.10 часот во СВР Битола е пријавено дека жена од битолско физички го нападнала нејзиниот партнер, при што употребила и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 06.06.2025 во 21.30 часот во СВР Битола, Е.И. (34) од  Битола пријавила дека во Градскиот парк во Битола, нејзината петгодишна ќерка била физички нападната од повозрасна жена. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
 
На 06.06.2025 во 11.05 часот во СВР Битола, С.Р. (52) од  Битола пријавил дека во угостителски објект во Битола учествувал во физичка пресметка со две лица на возраст од 55 и 56 години, двајцата од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.