Со концерт на македонската музичката група „Леб и сол“, на 26 ти јуни, во античкиот локалитет „Хераклеја“ во Битола ќе започне 17 издание на Битолското културно лето.
На денешната прес конференција, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, информираше дека „БИТ ФЕСТ“ оваа година ќе трае до 31 август и ќе содржи културни содржини кои ќе бидат вистинска атракција за битолчани, но и добра можност за поттикнување на културниот туризам во градот.
-Програмата ќе се реализира во соработка со КИЦ и националните установи од културата, но и со учество на голем број домашни изведувачи, уметници и културни работници кои ќе претстават доста интересни одржини за сите возрасти. Целосната програма ќе биде објавена во следните 10 дена, кога ќе имаме и точно заокружена рамка на планираниот буџет за културните содржини ова лето, вклучувајќи ги сите манифестации за кои имаме обезбедено финансиска поддршка како општина, а ќе бидат дел од културните содржини кои ќе се реализираат во градот ова лето.
Традиционални манифестации, како: Битола отворен град, Локум фест, Парко – фестивал, Илинденски денови, Битолино – Детски театарски фестивал, Мјузикленд, Фестивал на староградска музика, Широк сокак во бело, исто така се дел од БИТ ФЕСТ.
На 3 август, Битола ќе биде домаќин на еден од најголемите музички настани во историјата на градот. На Градскиот стадион „Петар Милошевски“ ќе настапи светската музичка ѕвезда и еден од највлијателните DJ артисти на сите времиња – Армин ван Бурен. За овој настан општината го обезбедува просторот и потребната логистичка поддршка“, изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.
Директорот на ЈОУ КИЦ, Благојче Божиновски, истакна дека и оваа година КИЦ е значаен партнер на општината, како во подготовката на програмските содржини, така и во обезбедување на логистичка поддршка во реализацијата на програмата.
На денешната прес конференција присуствуваа и членовите на групата „Леб и сол“, кои најавија дека од Битола го започнуваат одбележувањето на големиот јубилеј 50 годишнината од постоењето и активното работење на групата.
-Ви благодариме Битола. Ни давате верба во живот, дека она што сме го правеле во изминатите 50 години, вредело и оставило трага во нашата меморија и во нашата музичка историја. Тоа е нешто што длабоко во душата секој го посакува: да биде почитуван и сакан, затоа што чувствувам дека онаа моја искреност и желба со која сме го работеле сето ова и вербата дека хармонијата во музиката може да се пренесе и во хармонијата на живеењето има некој што знае да го почитува и ќе го чуваме и ќе го оставиме за следните поколенија.
Ова е само една алка во нашата историја, која покажува дека сме постоеле и ќе постоиме понатаму. Само искрено со верба во животот и љубовта и со полно срце можеме да ги поделиме вековните вредности. Ви благодариме многу и ќе се обидеме да бидеме квалитетни како и секогаш, велат од Леб и сол и најавуваат прекрасен концерт на 26 јуни во Хераклеја.

Со “Леб и сол“ на 26 јули во Хераклеја во Битола започнува “Бит фест 2025“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Ветераните на Пелистер одржаа турнир во Битола во чест на починатиот капитен Јабланот (фотогалерија)Ветераните на Пелистер одржаа турнир во Битола во чест на починатиот капитен Јабланот (фотогалерија)

- СВР Битола: малолетник паднал од мопед – тешко се повредил, сообраќајка кај “Чешмите“, приведување за дрога
- Во Битола одбележан 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје
- Атина Рувинова освои прво место на HackHarvard во САД – 36 часа без сон за иновација со потенцијал за стартап
More from КултураMore posts in Култура »
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје
- Од млада музичка надеж до пијано спектакл: Андријана Арлен се враќа во Македонија со „Сребрена ноќ“
- Ксенија Николова во Утопија со разговор за книгите и животот меѓу нивните редови
- Бојана Скендеровски откри кој ќе ѝ прави друштво на сцената во Битола
- Битола и Виченца: успешна графичка приказна “Огледало – очи в очи“ во галеријата “Ранко Струмениковски“








