Press "Enter" to skip to content

Ротари клуб Битола одбележа голем јубилеј, 90 години од основањето, во 1935 година (фотогалерија)

-Ротари Клуб Битола прослави 90 години хуманост, пријателство и посветеност кон заедницата под мотото: Горди на минатотот, посветени на иднината,

-Ротаријанството е повеќе од заедница – тоа е пријателство, обврска и заеднички сон за подобар свет. Секое добро дело, секоја подадена рака и секој проект се алка во синџирот кој поврзува срца и менува животи. Заедно, градиме иднина, иднина со надеж и хуманост.Синоќа во Пациото на Завод и музеј Битола, Ротари клуб Битола одбележа посебен јубилеј – 90 години од основањето, што го прави еден од најстарите ротари клубови во Македонија.-Овие 90 години не се само бројка, тоа се 90 години хуманост, 90 години пријателства, 90 години дела на доброволци и лидери во овој град. Ротари клуб Битола е основан во 1935 година,меѓу двете светски војни, во време на кризи и премрежија за да помага на градот да се обнови и индустриски да се развие, поврзувајќи се со етички лидери од други градови на Југославија. Оваа вечер ќе сведочиме за едно постоење, ќе погледнеме ретроспектива од нашите проектни активности, ќе изразиме благодарности, и ќе уживаме во музика што ја одразува душата на Битола, рече проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска член на Ротари клуб Битола, на почетокпт на прославата, како модератор на настанот.Претседателот на Ротари Клуб Битола, Пеце Ѓаковски ги поздрави присутните гости и рече:-Голема е честа, од ова место со удар во звоното да се обележи вака редок убилеј на овие простори, 90 Ротари Клуб Битола. Пред се, чест ми е што вечерва стојам пред вас како претседател на Ротари клуб Битола во годината кога го славиме 90 годишниот јубилеј. Тоа е не само привилегија, туку и обврска – да го чуваме, продолжуваме и надградуваме она што многумина пред нас го создале, привилегија што не се мери во титули или функции – туку во чувство на одговорност, но уште повеќе во чувство на припадност кон една голема идеа – служба над себе. Во свет кој посторано се менува, каде што вредностите понекогаш се губат во брзината на секодневието, Ротари стои како светилник. Не затоа што е отпорен на промени, туку затоа што секоа промена jа пречекува со отворени очи и ум. Деведесет години посторано се прилагодуваме, учиме, и – на важно – делуваме. Ако во 1935, општествените проблеми се состоеле во купување на чевли за учениците на битолската Гимназија, денес проблемите на модерното општество се суштествени за опстојуваето во нашата средина. Ротари не е само организација – тоа е начин на живеење. Тоа е идеа дека заедничката акција и етичкото лидерство можат да го променат светот.-Во Битола, тоа го правиме преку проекти во образованието, екологизата, културата, хуманитарните дејности. Затоа, денес не славиме само бројка. Славиме култура на континуирана посветеност. Славиме истрајност во општествена одговорност. Славиме воља што не се гаси, додаде Ѓаковски.-Битола е чувство, атмосфера, музика во душата. Град кој те пречекува со топлина, но и со гордост. Со багаж од историја и дух што не старее. Битола не се мери само во метри надморска висина, туку во чекори на Широк Сокак, во здивот на утринското кафе и во разговорот меѓу пријателите. Тука, меѓу старата чаршија и новите соништа, Ротари ја пронајде својата мисија. И токму затоа, не постои поубаво место каде може да се слави хуманоста, пријателството и визијата за подобро утре. Во чест на Битола – нашата инспирација, нашето срце за кое секој активен Ротаријанец, не стиска време, енергија ниту ресурси, додаде Буневска – Талевска.Првото јадро на Ротари Клуб Битола биле основачите Таса Тасиќ, Милош Пјаниќ, Милош Кешељевиќ, д-р Теодосије Робе, д-р Моша Џераси, и Никифор Јефтиќ. Состаноците се одржувале во среда, во 20 часот во хотелот “Јефтиќ“.Токму , во знак на историјата Ротари Клуб Битола постави спомен плоча на објектот каде што е основан клубот, некогашниот Гранд хотел “Јефтиќ“,  местото каде се роди идејата за Ротари Клуб Битола и основачкиот состанок на 17 јуни.Денес, 90 години подоцна, Ротари клуб Битола останува верен на својата мисија за постојана посветеност кон заедницата, со голема носталгија… Заслуга за возобновувањето и опстојувањето на овој клуб  носи првиот чартер – претседател на обновениот Ротари Клуб Битола, Академик Глигор Каневче кој за жал веќе не е помеѓу нас. Подеднакво, заслуга носат и останатите 23 основачи на возобновениот клуб во 1998 година, признат и од Ротари Интернационал како легитимен наследник на Ротари Клуб Битола од 1935 година и носител на континуитетот.Тројца од основачите се активни членови и ден денес, Јован Пејчиновски, Константин Петковски и Раде Христовски, кој е првиот Македонец Гувернер на Ротари Дистриктот1912, Словенија и Македонија и рече:Добредојдовте во еден од најстарите ротари клубови на овие простори! Ми преставува голема чест денес да застанам пред вас, и заедно да одбележиме еден значаен убилеј, да ja одбележиме нашата ротаријанска приказна, 90 години – Ротари Клуб Битола, и да се потсетиме на вредностите кои не спојуваат – Сервис, пријателство, хуманост, и посветеност. Како Гувернер на Дистриктот во 2022/2023, ми беше голема чест да служам како прв Македонски Гувернер на Ротари Дистрикт, а особено што нашиот Дистрикт е мултинационален, односно заеднички со земја членка на Европската Униа – Словенија, и секако чест ми е што сум член на Ротари Клуб Битола.-Како активен член на клубот од возобновувањето, во оваа прилика сакам да потсетам на повеќе значани моменти за овој клуб. Ротари Клубот Битола, основан и реоснован во самите почетоци на ротаријанството во Македониа, редовно имал свои преставници на меѓународно ниво и на Ротари Интернационал, има претставници на Дистриктно ниво, е Клуб со меѓународни признаниа, активен учесник во формирањето на Соузот на РКМ и во здружувањето во денешниот Дистрикт 1912, директно е оснивач на уште три ротари клубови а индирекно на уште на 6 клубови во Ротари. На членовите сакам да се заблагодарам на непоколебливата поддршка и ентузијазмот кој го покажаа во текот на сите овие години. Сакам да нагласам дека се што постигна овој клуб е резултат на тимска работа, посветеност и несебично залагање. Ротари Клубот Битола ќе продолжи да биде место каде пријателството и хуманоста се обединуваат во една единствена мисија, додаде Христовски.На Ротари клуб Битола, годишнината и ја честита и координаторката на Сојузот на Ротари клубови Елена Панова.Ротари Клуб Битола има 60-тина проектите кои оставаат трага во сите овие години, а некои од нив се динации на специјално санитетско возило и едно амбулантско комби возило на Службата за прва помош во Битола, опремена комплетна лабараторија за средното медицинско училиште во Битола, реновирање и комплетно опремување со инвентар на 2 училници во гимназијата “Јосип Броз Тито“, кмплетно опремен кабинетот за Информатичка технологија во гимназијата “Јосип Броз Тито“, изработка на проекти за пристапни рампи за лица со посебни потреби до поважни институции во Битола, донирани и инсталирани близу 1000 дојавувачи за пожар во основните училишта во Битола, комплетна реконструкција на чешмата кај Офицерскиот дом, донација на 2 чешми во градскиот парк во Битола, чартерувани се два Ротари Клубови (Ротари клуб Широк Сокак и Ротари клуб Прилеп) и еден Ротаракт, Ротаракт клуб Битола.Во 2024 година Ротари Клуб Битола покрена долгорочна програма За зелена Битола, за што ротаријанецот и професор д-р Илија Јолевски доби посебно признание, “Почест“ и Avenues of Service Award in Community Service, награда за придонес според принципот на општествено корисно делување, за своето севкупно вложување во проектот Bitola City Bus, новост која ќе ни го разубави и раззелени градот.Ротари Клуб Битола 90 години е приказна и моќно институционално постоење,приказна која ја раскажува секој ротаријанец, и Ротари клуб Битола се заблагодарува за тоа. Сепак, јубилеите се и за благодарности за оние кои сметаме дека се најзаслужни за нашето опстојување во овие 90 години.Претседателот на Ротари Клуб Битола, Пеце Ѓаковски додели благодарници на Општина Битола, Сојузот на ротари клубови на Македонија, НУ Завод и Музеј Битола, АД “Киро Дандаро“ Битола, “Графопром“ Битола, Ротари Клуб Рума за побратимувањето, Милош Прегљ од Ротари Клуб Гросупље и постхумно на Академик Глигор Каневче.-Упатуваме благодарност и до Пошти на Македонија, затоа што ја препознаа и веднаш ја профатија идејата на Ротари клубот Битола, за претставување на пригоден поштенски жиг по повод 90-годишниот јубилеј. Поштенскиот жиг е ексклузивно употребен денес на 14 јуни 2025 година во Битола, во сите единици на поштенската мрежа со поштенски број 7000. Поштенскиот жиг е дело на дизајнерот Лоран Куфало.Дизајнот го истакнува препознатливиот ротари запчаник – симбол на Ротари Интернационал – во комбинација со бројот 90, кој ја симболизира девет децениската традиција на посветеност, истрајност и визионерски дух на ротаријанците во Битола. Жигот ќе биде трајно сочуван во Бирото за филателија, како дел од вредното културно и историско наследство, рече Буневска- Талевска.Во Ротари Клуб Битола беа примени новите членови, млади луѓе кои ќе ја продолжат мисијата на  со свежа енергија и визија: Моника Кулевска, магистер по економски науки, вработена во Стопанска банка АД Битола, одговорна за соработка со корпоративни клиенти и Константин Џиланов, дипломиран економист, млад претприемач и генерален мемаџер на “Marieli cakes“.По повод јубилејот 90 години од основањето на Ротари клубот Битола, членовите на клубот одлучија на денот на одбележувањето на големиот јубилеј, а и потоа да ја промовираат скулптурата “Биста на маж“ која како значаен археолошки артефакт е пронајден во античкиот локалитет Хераклеја Линкестис и потекнува од II век н.е,  а е изложена во постојаната поставка на НУ Завод и Музеј Битола во Музејот во Херкалеја Линкестис. Скулптурата го прикажува Херакле (полубог и син на Зевс) како ги убива змиите. Со тоа таа е порака дека ДОБРОТО ЌЕ ГО ПОБЕДИ ЗЛОТО, што впрочем е и ротаријанската цел.За убавата атмосфера на одбележувањето на големиот јубилеј се погрижија Катерија и Бојан.

Тект и фото: Сашо Ристевски