Фудбалскиот клуб Конзули ветерани од Битола викендов играат на завршниот, 7. по ред меѓународниот фудбалски турнир “Гранд финале“ кој се одигра во градот Босанска крупа во Босна и Херцеговина.
Конзули ветерани на завршниот турнир кој се одигра на 14 и 15 јуби беа дел од 16 екипи, а играа поделени во 5 групи, а покрај од Македонија имаше екипи од Словенија, БиХ, Србија и Хрватска.
Домаќини на завршниит турнир беа ветераните на фудбалскиот клуб Босанска Крупа.
Екипата на Конзули ветарани го освои петтото место, а првото место му припадна на Рапид Божовиќ од Крагуевац, Србија.
-Добро се претставивме на оваа серија на турнири за фудбалери ветерани кои се одржуваа не поранешните земји од Југославија. Не настапивме на турнирот во Словенија, поради обврски на дел од нас. Задоволни сме од она што како аматери го прикажавме на турнирите, иако не е главна цел резултатот на натпреварите, туку пријателствата и дружењето. Остваривме голем број на нови пријателства, а во иднате сезона се надеваме дека ќе бидеме домаќини не некој турнир и ќе ја претставиме Битола како одличен град домаќин, ни рекоа од Конзули Ветерани од Битола.
Ова беше последен турнир, а сите екипи кои учествуваа во оваа сезона најавија нова сезона, која ќе започне на есен.

ФК Конзули Ветерани од Битола го освои 5. место на завршниот турнир “Гранд финале“ во Босанска крупа (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во среда, со смеа, за среќа, со Блаже Докуле
- Во Битола сончево и многу топло, од утре мало заладување
- “Силно светнал ден“ во Битола, платото пред Офицерски претесно за битолчани и нивните гости (мега фотогалерија)
- КК Пелистер го доведе и Лука Савиќевиќ
- „Ткајачи на филм“ е темата на визуелниот идентитет на 47. издание на фестивалот ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола
More from СпортMore posts in Спорт »
- КК Пелистер го доведе и Лука Савиќевиќ
- Еурофарм Пелистер со победа ги започна котролните натпревари
- Божиновски и Начевски ќе судат мундијалско полуфинале за кадети во Романија
- Американецит Камрон МекДауел е нов кошаркар на Пелистер
- Сапунџиев повторно во дресот на КК Пелистер, Златевски потпиша на една година









