Денес, среда, 18 јуни, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во Битола до 30 степени.
Утре, четврток, 19 јуни, во Битола времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во Битола до 30 степени.






