Клиничката болница во Битола доби нов, современ ултразвучен апарат како донација од хуманитарната организација “Hand Till Hand“ од Шведска, во соработка со фондацијата “Stiftelsen Brödet“ од Шведска и хумани донатори од Соединетите Американски Држави.
-Оваа значајна медицинска донација претставува голем чекор напред во унапредувањето на дијагностичките капацитети на болницата, за нашиот оддел. Со тоа ќе се овозможи побрза, поточна и поквалитетна здравствена услуга за пациентите од овај регион. Сакам да изразам благодарност до менаџерскиот тим на чело со Нензи Лозанче и до сите вработени на гинеколошко акушерскиот оддел при клиничката болница и претставниците од “Hand Till Hand“ и “Stiftelsen Brödet“ и донаторите од САД, изјави доктор Михајло Вангелов, раководител на ГАО Битола.






