На 17.06.2025 во 17.40 часот во СВР Битола, 63 годишен битолчанец пријавил дека во семејниот дом во Битола бил физички нападнат од неговиот син. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 16.06.2025 во 13.20 часот во ОВР Демир Хисар, вработен во каменолом на гредежно претпријатие од Скопје лоциран во атар на село Слоештица, демирхисарско, пријавил дека настанал пожар на работна градежна машина багер. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Демир Хисар. Увид извршила увидна екипа на ОВР Демир Хисар.






