Press "Enter" to skip to content

По асфалт ќе се оди до манастирот “Св. Илија“ над Крклино

Главната сообраќајна артерија, која што ги поврзува улиците во селото Крклино, во близина на Битола со манастирот “Св. Илија“, е реконструирана со асфалт, кој опфаќа 1.440 метри квадратни во должина од 480 метри.

Заменик градоначалникот на општина Битола Бојан Бојкоски и секретарот на општина Битола Борче Димитровски, извршија увид во градежните работи на терен.Претходно, во селото се реконструираше дел од водоводната мрежа со нови приклучоци.

 
За реализација на овој проект се издвоени 3.210.426 денари од буџетот на општина Битола.