Во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Битола и ОУ „Св. Климент Охридски“ Скопје се реализира проектот од „Стручни работилници: Училишните библиотекари поттикнувачи на интересот за библиотечна дејност кај децата и младите“ од авторот д-р Лили Бошевска.
Проектот се состои од шест работилници за училишни библиотекари, за усовршување на компетенциите за стимулирање на библиотекарската едукација и поттикнување на интересот за библиотечната дејност кај децата и младите, како и деца и млади со попреченост.
Работилниците ги одржаа м-р Маја Трајковиќ во Скопје и д-р Лили Бошевска во Битола.
Училишните библиотекари кои се најважниот фактор за создавање и развивање на интересот за читање и други поттикнувачки активности за социјализација и личен развој на учениците, најчесто се преокупирани со најразлични споредни активности во училиштата кои им се доделуваат без да се имаат во предвид нивните законски работни обврски. Стручните работилници имаат цел да ги зајакнат сознанијата и свесноста за потребните стручни компетенции на училишните библиотекари и професионалните стандарди кои треба да се исполнат за функционирање на еден успешен библиотекар во успешна и современа училишна библиотека
Рецензентка се м-р Гордана Горгиевска Неделковски, виш библиотекар во НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола и м-р Фатма Бајрам Аземовска, библиотекар советник во НУУБ „Св Климент Охридски“ Битола.










