ЈП “Паркинзи“ информира дека почнувајки од 15 часот на 20 јуни, петок, до 22 јуни, недела, попладне паркингот кај спортската сала “Боро Чурлевски“ ќе биде затворен за паркирање. Причина е организирањето на манифестацијата CAR SHOW која ќе се одржува на споменатата локација на ден 21 јуни, сабота.
Манифестацијата е со меѓународен карактер и ќе биде прва од ваков тип во градот, а барањето за одржување на истата беше со задоволство одобрено од членовите на УО на претпријатието.
На организаторите им посакуваме успех во овај “пионерски“ потфат и уште многу вакви манифестации во годините кои следат, а Вам почитувани корисници на услугите благодарност на разбирањето и соработката.
Со почит ЈППЈЛП Битола






