Во текот на денешниот ден, 20.06.2025, поради изведба на обемен технички зафат, привремено беше прекинато водоснабдувањето на дел од мрежата.
Се изврши монтажа на фазонски делови и водомер Ф400 на челична цевка, со поставување на нова мерна опрема, со оваа интервенција се овозможува подобро и континуирано следење на протокот на вода, поефикасно управување со водоводниот систем и поголема стабилност и сигурност во снабдувањето.
Овој стратешки зафат е дел од нашите заложби за унапредување на мрежата и подобрување на услугите.
ЈКП Водовод – секогаш во служба на граѓаните се грижи за навремено и квалитетно водоснабдување.






