Универзитетскиот професор и новинар-публицист Марјан Танушевски ја промовира авторската книга „Битолски хорологион II“ која претставува континуитет на истоименото дело објавено во 2021 година, и двете изданија на МНД- Битола.
На промотивниот настан што се одржа во БАС-Битола, проф. д-р Марјан Танушевски потсети дека двете изданија на книгата се мотивирани од сончевиот часовник, ремек дело изработено од мермер во 157 (CLVII) година, Хорологион, пронајден во Хераклеа Линкестис.
-Во 1985 година во Радио Битола ми беше доверена задачата да ја уредувам и водам младинската радио емисија „Од млади, за млади“. Токму тогаш, се запознав со верните пријатели – Што, Кој, Каде, Кога, Зошто и Како! Со нив, како вистински патоказ, движењето во овие 40 години во медиумскиот простор, за мене секогаш е со јасна фрекфенција и вибрација. Секако, годинава не ја чувствувам како јубилејна!
–Велат, историјата е филозофија која подучува со примери. Таа е сведок на времето, живот на спомените, весник за минатото. Врз овие принципи е публикувана книгата како продолжение од битолски приказни, објавени и во матичната куќа МИА, каде работам 20 години, посочи Танушевски, додаде Танушевски.
Според промоторот, професор д-р Љупчо Јаневски, со „Битолски Хорологион II“, авторот проф. д-р Марјан Танушевски магично не враќа низ децениите и вековите во кои Битола имала свој автентичен шарм и мирис потсетувајки ги сегашните жители на овој македонски град за објектите пред кои поминувале, поминуваат и ќе поминуваат, а многупати не ја знаат вистинската историја која треба да се почувствува и прераскаже на сите патници добронамерници кои патуваат низ овој крај.
-Леснотијата на неговиот навидум едноставен стил на пишување разбирлив за скоро сите, не нурнува во книгата која не можеме да ја оставиме се до нејзината последна страница создавајки една кохезија помеѓу читателот и страниците кои се листаат низ рацете на читателот. Исконскиот предизвик за леснотија во раскажувањето со голем број вткаени факти низ зборовите ги доведува до совршенство пласираните информации, историски факти и туристички занимливости за читателот кој добива нагон за истражување и посета на локалитетите за кои е пишувана и посветена книгата. Се што авторот посочува во „Битолски Хорологион II“, карактеризирано од моја страна како живи приказни за градот Битола и нејзината околија, како ретко кој писател од овој крај на Македонија создава автентична мапа, како пајажина или народно кажано туристички крвоток на градот пред кој не треба да се сврти поглед туку треба да се прочита и прераскаже на другите, истакна Јаневски.
За книгата на Танушевски говореше и м-р Валентин Соклевски и рече дека книгата содржи одлично избрани теми, временски избалансирани, повеќеслојни, преполни со универзални вредности споени во духовно јадро кое зрачи со убавина и ненаметлива едукативност.
-Време, земја, културни хоризонти, природа, флора, фауна, уметнички креации, архитектура, куќи, цркви, џамии, икони, резби, обичаи, навики, книги, легенди…. Не би можел да кажам што е поубаво, поинтересно, поедукативно. Дали градскиот часовник кој мери микро дел од 465-те милиони години колку што е стар Пелистер, дали 120 видови пеперутки кои во текот на денот уживаат во дружбата со уникатноста на моликата, или 116-те видови на птици кои пејат заедно со битолчани во градот за кој велат дека е најопеан во светот.. Можеби петте хоризонти на битолскиот музеј на христијанското и исламското културно наследство Јени џамија – црква Свети Ѓорги, првиот час на современ македонски јазик, буквите на албанската азбука, фреските на деветте цркви во Велушина, авионите кои никаде не летаат но ги ловат погледите на генерациите кои градат единство меѓу природата и творештвото…
Тешко е да одлучам. Зборови, приказни, сведоштва, вредности. Марјан Танушевски ја стави Битола во центарот на временскиот виор, човекот во центарот на настаните. Тој создаде повеќе димензионални, безвременски спомени на минатото кои се наследство за иднината, нагласи Соклевски.
Книгата „Битолски хорологион II“ е 15-то авторско дело потпишано од професор д-р Марјан Танушевски, новинар на МИА.

„Битолски хорологион II“ нова дело на проф. д-р Марјан Танушевски од Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Младински креативен конкурс за дизајн на маица дел од “Креативниот ден“
- Никола Граховац: чест е да се игра против Барса, а мислиме и на Вардар
- Бесплатен Wi-Fi во срцето на Битола, во стариот градски пазар
- Во Битола сончево, температурата до 14 степени
- Магична вечер во Битола – Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ ја освоија публиката со музика и поезија (видеа + фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Магична вечер во Битола – Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ ја освоија публиката со музика и поезија (видеа + фотогалерија)
- Од психотерапија до книга: „Живата соба“ претставена пред битолската публика
- Битола го слави франкофонското наследство: “Франкофонска пролет“
- “Засекогаш во срцата“: традиционален концерт во чест на Тоше Проески со оркестарот “DIVA“ и солисти во Битола
- Меморандум за поддршка на македонски музички таленти









