Press "Enter" to skip to content

Денес започна летото, денот најдолг, ќе трае 15,36 часа

Денес, 21 јуни, 20205 година, започна летото на северната полутопка на Земјата, официјално утрово во 4:42 часот, додека зимата започна на јужната полутопка во исто време.

За жителите на Северната хемисфера, летото започнува во моментот кога северниот дел од оската на Земјата е најблиску до Сонцето. На тој ден, висината на Сонцето напладне е најголема во текот на годината.

Во исто време, започнува зимата за жителите на јужната полутопка.

На денот на почетокот на летото, ноќта е најкратка, а денот е најдолг.

Сонцето денеска изгреа во 04:52 часот, а ќе зајде во 20:27 часот, што значи дека дневната светлина ќе трае 15,36 часа, а ноќната светлина осум часа и 24 минути.