Press "Enter" to skip to content

Превентивна активност на СВР Битола за заштита од кражби

Полициски службеници од СВР Битола, денеска реализираа превентивна активност на повеќе локации во Битола под мотото „Градиме пријателство-создаваме безбедност“, тематски посветена на превенцијата од имотни деликти, со посебен акцент на превенција од џебни кражби и провални кражби.

Активноста беше реализирана преку непосредни средби со граѓани, особено оние од повозрасните категории, на коишто им беше укажувано и појаснето како да се заштитат од сторителите на овие кривични дела.

На граѓаните им беа поделени и летоци со едукативна содржина.