Press "Enter" to skip to content

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола повторно рангиран на THE Impact Rankings 2025

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола повторно е рангиран на ранг-листа на Times Higher Education (THE) Impact Rankings 2025. Минатата година УКЛО беше првиот македонски универзитет рангиран на оваа престижна ранг листа, се радуваме што оваа година се придружија уште два македонски универзитети.

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола беше евалуиран во пет од вкупно седумнаесетте Цели за одржлив развој (SDGs), при што постигна особено значајно глобално признание во три клучни цели:

Цел 8: Достоинствена работа и економски раст
Рангиран меѓу 601–800 од 1350 институции во светот

Цел 16: Мир, правда и силни институции
Рангиран меѓу 401–600 од 1265 институции во светот

Цел 17: Партнерство за целите
Рангиран меѓу 1001–1500 од 2389 институции во светот

Рангирањето за 2025 година е резултат на исклучително конкурентен и ригорозен процес на евалуација. Овие извонредни резултати го потврдуваат сè поголемото глобално влијание на УКЛО и неговата постојана посветеност на Целите за одржлив развој на Обединетите нации.

Особено значаен придонес има и Годишната меѓународна научна конференција на УКЛО на тема „Мултидисциплинарен пристап кон целите за одржлив развој” [https://uklo.edu.mk/ojs/index.php/aisc/index], која дополнително ја зацврстува улогата на УКЛО како институција ориентирана кон заедницата и посветена на реалната имплементација на Целите за одржлив развој (SDGs).

Овој успех е резултат на заеднички ангажман – од активната вклученост на академскиот кадар и универзитетските единици, ентузијазмот на нашите студенти, преку посветеноста на административниот кадар, па сѐ до стратешкото раководење на тимот на Ректорот.

More from ВестиMore posts in Вести »