Press "Enter" to skip to content

Делегација од меѓупарламентарната група за пријателство Туркије – Македонија во Битола

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес оствари средба со делегација од меѓупарламентарната група за пријателство Туркије – Македонија.

Делегацијата ја придружуваа: амбасадорот на Република Туркије во Македонија Н.Е.Фатих Улусој, Бејџан Иљас – претседател на Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентот на Република Туркије и Ајдован Адемоски – Почесен конзул на Р. Турција во Битола.

На средбата, градоначалникот ја информираше Делегацијата за добрата и успешна соработка на Битола, со повеќе турски општини, како и за воспоставените добри релации на економски и културен план.

Во рамките на посетата на Битола, Делегацијата ја посети и спомен собата на Мустафа Кемал Ататурк во битолскиот Завод и Музеј.