Вечерва во рамките на “Битфест“ во новата сцена во Центарот за култура во Битола се одржа јубилеен концерт на Стефанија Милевска – Враниќ, која одбележува една деценија посветеност, креативност и љубов кон музиката!
Стефанија Милевска – Враниќ е дипломирана поп-џез пејачка, артистка со препознатлива интерпретација и оригинален звук, заедно со искусните музичари, ќе ве поведе низ своето музичко патување исполнето со емоции, слобода и звук што допира до срцето.
Стефанија на почетокот на концертот рече:
-Посебно ми е драго што сме тука заедно вечерва затоа што решив од денес натаму да споделувам само среќа, решив, се договорив сама со себе ќе верувам се ќе биде убаво, позитивно, дека ќе верувам дека Бог ќе ми биде единстена водилка и дека што го чувствувам ќе го споделувам во секоја моја можна прилика. Се радувам што Вие имате прилика вечерва да посетите, да чуете, да видите дел од таа среќа што ја чувствувам јас лично.
Концерт носеше љубов кон музиката, искреност и стил кој спојува повеќе жанрови.
Стефанија во живо ги испеа нејзините најистакнати авторски композиции, преработени во современи џез, џез-рок и босанова аранжмани, џез стандарди – звук што го спојува класичното и модерното, нежното и енергичното.
Покрај Стефанија Милевска Враниќ – вокал настапија и Билјана Трајковска – вокал и пратечки вокали, Владимир Враниќ – гитара, Владимир Николиќ / Dadoni – труба, Ристо Крстевски – клавијатура, Зоки Паркет – контрабас и бас и Павел Талевски – тапани.
Стефанија ги испеа песните: “Едно моме, “Безнадежен“, “Тhe moment is now“, “По патот на светлината“, “At last”, “Бегаш“, “Да раширам крилја“, “Summertime“, “После дождот доаѓа сонце“, “Нешто“, “Hey you lesten“ и “Малку љубов“.











