Да се постави клупа на некое место не којзнае каква вест, но кога ќе се постави клупа, а тоа било желба на починат пријател заслужива да се одбележи, а посебно на непристапно место кое бара многу напор да се однесе материјалот, над село Гошеш, подалеку од Битола.
Денес другарите на Ѓорги Ѓоргиевски – Або кој за жал почина пред три месеци, го исполнија ветувањето и поставија клупа на 1.300 метри надморска висина, над селото Гопеш во негова чест и како негова последна желба да има место за починка на најубавата точка над селото.
-Абото беше голем човек, вљубеник во природата, планината, хуманист и филантроп кој својот живот го посвети за добро на сите. За жал Абото почина скоро пред 3 месеци, но, другарите не го заборавија ветувањето. Последен поздрав од Диката, Трене и Оскар, напишаа тие.

Фото вест: Диката, Трене и Оскар од Битола ја исполнија желбата на Абото, поставија клупа над Гопеш
More from ВестиMore posts in Вести »
- Се одржа општинскиот натпревар во стрелаштво (фото)
- Пелистер со реми против Кожув во Гевгелија
- Самостојна изложба на Дијана Колонџоска од Битола – “Сонувани хоризонти“ (фотогалерија)
- Граѓани платиле за паркинг кога беше бесплатно, “Паркинзи“ парите ќе ги насочи за хуманитарни цели
- СВР Битола: 53 годишник од Мусинци возел трактор со 2.92 промили алкохол и без возачка, битолаченец “ауди“ со 1.60 промили алкохол во крвта





