Денес, недела, 29 јуни, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура во Битола до 32 степени.
Утре, понеделник, 30 јуни, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура во Битола до 33 степени.






