Press "Enter" to skip to content

Денес на “Бит фест“ во Хераклеја, концерт на група “Гром“, гостин Ален Славица

“Битфест“ кој е во организација на Општина Битола за денес го најавува јубилејниот концерт на една од најистакнатите македонски групи – „ГРОМ“, која веќе 45 години остава силен белег на музичката сцена!

Песните и настапите на „ГРОМ“ одгледаа генерации Битолчани и оставија неизбришлив печат во срцата на сите љубители на музиката.

-Ве покануваме да бидете дел од овој незаборавен настан што ќе не потсети на убавите времиња и ќе не исполни со емоции, порачаа од “Бит фест“.

Концертот ќе започне во 21 часот во Антички театар Хераклеја.

Специјален гостин: познатиот хрватски пејач Ален Славица!

Влезници по цена од 300 денари можете да набавите преку: Mktickets, Камарите, Литература, Tobacco Brothers на Широк Сокак

Не пропуштајте! Дојдете да славиме музика и пријателство заедно!