На 02.07.2025 во 02.00 часот во СВР Битола А.Н. (31) од Битола пријавил дека на ул. „Филип Втори Македонски”во Битола, додека бил заедно со неговите другари на возраст од 35 и 39 години, а во непосредна близина во неговото паркирано патничко возило се наоѓала и неговата сопруга и неговото малолетно дете, се паркирало патничко возило марка “голф” од каде излегло лице и физички го нападнал пријавителот, а потоа со дрвен предмет упатувал и закани кон него. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 02.07.2025 во 01.30 часот во СВР Битола било пријавено дека на паркинг во комплекс „Пелагонка 2“ во Битола , три лица на возраст од 19, 20 и 22 години, сите од Битола го нарушувале јавниот ред и мир со карање, викање и непристојно и дрско однесување . По документирање на настанот против истите ќе следува соодветна пријава.






