Под слоганот „Убавината на уметноста“, битолското културно лето и годинава, во своето 17. издание, носи богата програма исполнета со културни настани што го збогатуваат уметничкиот живот на Битола.
Во текот на летото, Битола ќе биде сцена на: концерти, театарски претстави, изложби, филмски проекции, уметнички перформанси и многу други настани кои ја слават културата и креативноста.
Битолското културно лето БИТ ФЕСТ се реализира во соработка помеѓу Општина Битола и Културен и информативен центар Битола, со поддршка од Министерството за култура и туризам.
Програмата може да ја погледнете на следниот линк









