Press "Enter" to skip to content

Битолчани уживаа во јубилејниот концерт на “Гром“ во Хераклеа Битола и се вратија во времињата на рокенролот (видео+фотогалерија)

-Вечерва во Хераклеја во Битола прославивме јубилеј 45 години но вечерва тука ја славевме  музиката, живееше рокенролот изјави Раде Стаматов на крајот на јубилејниот концерт на групата “Гром“ од Битола.  

-На музичката сцена на Хераклеа отворено под звезденото небо се слушаше рокенрол и сите присутни уживаа во музиката на групата “Гром“ со која се вратија во убавите времиња на рокенролот во Битола.Тоа беше една посебна и  единствена вечер за концерт на групата “Гром“ кој пробуди спомени кај голем број битолчани кои присуствуваа на концертот. Спомени коои ги врати во 80 години од минатиот век, убавите годините во Битола кога оваа група беше многу популарна.Легендарната македонска група “Гром“, по повод 45 години од своето постоење со својот концерт настапи во рамки на Програмата на Битолското културно лето – БИТ ФЕСТ,  на античкиот локалитет Хераклеја во Битола.Специјален гостин на вечерта беше познатата музичка звезда од екс-југословенските простори Ален Славица, за кој има компонирано и Раде Стаматов.На почетокот на концертот Раде Стаматов гитарист и пејач ги спомена сите оние музичари кои беа дел од групата Гром низ годините на постоење и музицирање.Од почетоците: Кубата Љупчо Бошевски – Бошето, Владе – Змејот, подоцна  од попрефесионлниот период Сотир Спасевски – Волкот, Митко Ѓурковски – Тити, пејачката Гагиќ, Љупчо Дамевски –  Трубата, Душко Штерјовски- Дудата, Цане Николовски, Тони  Нечовски – Крлето, Благој Мицески- Бакуле, Благој Божиновски – Бачкано пејачот од 80 години кога беа во оваа постава, Рули, Љупчо – Бати. Потоа Раде  ги спомена и  личностите  кои несебично помагаа и беа со него  Доте, Демката, Зелениот, Цебе,  Менде Чучуко, Зоран Паљото, Пеце – Левиот  и многу други.

Го претстави и тапанарот  Том Ѓорѓиевски – Томе  кој бил дел од групата во 80 години, и вечерва на јубилејот со нив, а дојден од Австралија каде што моментално живее. Тој ги поздрави битолчани со зборовите:-Сакам само три работи да кажам вечерва. Да му се заблагодарам на овој Господ, горе што ни даде сила и во позамашни години да го правиме ова што го работиме со години. Голема благодарност да им одадам на браќата Раде и Тони Стаматови кои 45 години ја одржуваат и негуваат оваа музика без престан Трето и последно можеби најважно – да ве поздравам и оддадам почит ВАС драга публико. Без ВАС драга публико не не бива. Поздрав Битола!!!

На крај Раде Стаматов ги  претсави и музчарите кои вечерта допринесоа концертот да биде Љупчо, тромбон Гоце Костурски – Костурот, најдобриот саксафонист во Битола Стефче, Александар, придружните женски вокали Билјана, Јана, маестро Давид Скерлевски, хармоника Ристо Крстевски.Меѓусебно со почит се претставија браќата Раде и Тони Стаматови.Јубилејот се прослави со изведба на песните на групата “Гром“ кои се пееја низ годините, а се започна со првата песна која е снимена во 80 години “Хитно експрес “, потоа се нижеа и други  „Сара“, “Ако те сретнам“, “Срце скршено“…  песни на групата “Гром“ кои будеа спомени.Харизматичниот Ален Славица ги поздрави битолчани и кажа дека е воодушевен од овој простор под ведро небо кој му ја смирува душата.Во свој стил со хратски нагласок започна со  “Битола мој роден крај“ , а потоа и со неговите хитови од 80 години „Дао сам ти душу“ , „Ја лудијем, моје медено“, а во придружба со групата „Гром“ спектакуларно беше изведена “Јовано, Јованка“ на која им се придружи и публиката.Јубилеј 45 години музика и рокенрол во Битола, јубилеј достоен за почит кој и натаков начин беше одбележан синоќа на магичната сцена во амфитеатарот на античкиот локалитет Хераклеа во битола. Концерт кој сигурно ќе се памети. Им посакуваме уште многу јубулеи.

Жанета Ристевска

Фото: Дамијана Ристевска и Сашо Ристевски

More from КултураMore posts in Култура »