Press "Enter" to skip to content

Одржан традиционалниот “Битолски бал“ по 37. пат во Сиднеј, Австралија (фотогалерија)

Во чест на Денот на ослобдувањето на Битола во организација на битолското друштво деновиве се одржа свечен бал насловен “Битолски бал“ кој се одржа по 37. пат во спортскиот центар “Илинден“ во Рокдаел, Сиднеј – Австралија.Салата во “Илинден“ беше преполна со повеќе, а повеќе од 300 присутни битолчани и
од други места, но имаше и гости од гратчето Вулунгонг и Њукастел од Австралија.Долгогодишниот претседател на друштвото, Љупчо Ангелевски, одржа поздравен говор, се изведен македонката химна.Со едноминутно молчење им беше додадена почит на неколкумина членови на друштвото кои неодамна починале.За музиката беа задолжени групата “Балканика“ и убавата пеачка Соња Динамит кои не разонодуваа до доцни часови во ноќта, со забавни мелодии, танго игри, а после со убави народни песни и ора.Преубава вечер во чест на Битола, а битолчани во Австралија го прославија празникот, се видоа, се поприкажуваа, се потсетија на времето кога живеаја во Битола од каде понесоа спомени.На крај секако ја запеја химната на Битола, “Битола мој роден крај“. Сите присутни им се заблагодарија на Љупчо – Николина, управатана битолското друштво и  и сите кои помогнаа да се одржи овој 37. по ред “Битолски бал“ и продолжување на традицијата.

Славица Марцевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ДијаспораMore posts in Дијаспора »