Press "Enter" to skip to content

Ноќва, наспроти Денот, битолчани традиционално ќе бдеат и молат за здравје во црквата “Св. Наум“ кај “Гроздот“ во Битола (фотогалерија)

Како и секоја година, и ова 2025 лето Господово, во Битола празнувањето во чест на светецот Свети Наум започнува доцна попладне на 2 јули кога многу верници се упатуваат во црквата “Св. Наум“ во Битола да се помолат и запалат свеќа за здравје. Тоа е традиција која се негува, според хроничарите на Битола, многу одамна, од минатиот век, па и во време на комунизмот.Вечерва, околу полноќ, кога бевме во црквата, гужвата беше намалена, а и оваа година многу верници ја посетија црквата кај “Гроздот“ во Битола,  а поради тоа на терен беше и сообраќајната полиција. Имало голема присутност и на Богослужбата, а во црквата околу полноќ беа верниците кои, како и секоја година, преноќеваат.И оваа година битолчани со свеќи в раце и чекаа ред да се качат внатре кај иконата на Светецот, да се помолат за здравје, а во црквата “Св. Наум“ останаа верниците кои ќе се молат и бдеат цела ноќ за здравје, а болните за исцелување. Се смета дека чудотворните исцелителски моќи на Св. Наум им помогнале на многу луѓе кои верувале.Имено, Св. Наум остана запаметен како чудотворец со моќта да лекува и за време на животот и по смртта, да лекува од најразлични болести и луѓе од различни вероисповести, односно сите што искрено и со верба му се обраќале без разлика на вера и припадност.

С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »