Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пријава за навредување и омаловажување на малолетничка, тешко повредена жена совозач на моторцикл

На 02.07.2025  во 23.30 часот, во СВР Битола 46-годишна жена од Битола пријавила дека нејзината малолетна ќерка на ул. „Широк сокак” во Битола  била пресретната од лице од Битола, кој ја навредувал и омаловажувал. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 02.07.2025 во 15.22 часот во СВР Битола е пријавено дека на кружен тек од ул. „Булевар 1 Мај“, ул. „Марко Цепенков“ и ул. „Девеани“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 41 годишник од Кичево и мопед „лонгија“ со битолски регистарски ознаки, управуван од 22 годишник од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговата сопатничка на возраст од 50 години од Битола, констатирани во  Клиничка болница Битола. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »