Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево и многу топло, температурата до 36 степени

Денес, сабота, 5 јули, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Максималната температура во Битола до 36 степен.

Утре, недела, 6 јули, во Битола времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови можност за нестабилност. Максималната температура во Битола до 35 степен.